речник контакт

Во близина на селото Степанци пронајдени три возила со 10 просторни метри дрва

Овој дел околу селото Степанци, често е мета на дрвокрадци поради далечината од Велес и шумскиот пат кој го користат за сеча.

Петар Печков

3аедничка акција на Шумската полиција од Велес со ПС Чашка и СВР Велес, за откривање на недозволена сеча и транспорт на нелегално пресечени дрвја. Во акцијата која се одвивала од понеделникот навечер до вторникот попладне биле пронајдени три возила, две фронтери и една лада со околу 10 кубни метри дрва.

„Акцијата е спроведена на 14-ти и 15-ти февруари, во реонот на планината Мукос, кај манacтиpот во село Степанци,  каде делува организирана група од прилепско. Возилата се одземени а се работи на идентификација на дрвокрадците.  Бидејќи се добро организирани, со звукот на доаѓање на возила, тие ги оставаат нивните и бегаат, па затоа и не се откриени“ -велат од Шумската Полиција од  Велес.

Овој дел околу селото Степанци,   често е мета на дрвокрадци поради далечината од Велес и шумскиот пат кој го користат за сеча.

Најавуваат дека продолжуваат со контроли од областа на Законот за шуми, се со цел, спречување и фаќање на сторителите кои вршат шумски кражби и  бесправен превоз на огревни дрва.Во акцијата било вклучено и ШС Бабуна од Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »