речник контакт

Во вакциналниот пункт во Велес започна вакцинирање без термин

Утрово редици од велешани кои чекаа да бидат вакцинирани против ковид-19

Петар Печков

Од утрово во Велес, во вакциналниот пункт во салата на средното училиште „Коле Неделковски“ започна вакцинација против ковид-19  без термин. Можеше да се забележи дека кај велешани, посебно кај повозрасната категорија граѓани, има голем интерес.  

„Утрово кога дојдовме на работа, не пречека поголема група на граѓани, кои сакаа да се вакцинираат  без термин. Тоа беа лица од повозрасна категорија, интересот е голем, постојано доаѓаат нови и нови пациенти. Тие примаат „Синовак“.  Истовремено се пушта втора доза на вакцина „Фајзер“ на лица над 20 годишна возраст.  Денес се вакцинираат и вработените од ЈКП Дервен и од фабрики со поголем број вработени во погоните“ -кажа д-р Mарина Тодоровска, координатор на вакцинален пункт.  

Се вакцинираат и вработени од основно и средно образование, текстилни конфекции.  Од 25 мај. кога започна со работа овој вакцинален пункт, досега биле вакцинирани 13.319 граѓани, од нив  со две дози 4.4.336 а со прва доза 8.983.  Овие бројки се однесуваат и на жители на соседните општини Чашка, Градско, Лозово, но и на дел од градовите од Повардарјето, без Кавадарци. 

Во Здравствен дом Велес вакцинирани  со „АстраЗенека’ се 1,4 илјади лица  над 70 годишна возраст, против ковид-19 а ревакцинацијата завршува на 13 јули.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »