Петар Печков
Објавено: вторник, 15 февруари 2022
Нови 48 случаи на лица позитивни на ковид-19 од велешко и 47 оздравени . Ова е билансот за велешко за изминатите 24 часа, кој го објави Министерството за здравство. Бројот на активни случи се искачи до 280 пациенти.
Во велешка Болница починал еден пациент, маж на 68 годишна возраст од Облешево-кочанско.
Во трите ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 49 пациенти, 13 помалку од вчера. Hа Инфективно се хоспитализирани 29, на Интерно петмина и на Физикално 15 пациенти. Потврдено позитивен е 39, непотврдени се двајца и негативни се осум но со потреба од болничка нега.
„Испишани се осум пациенти со по еден негативен тест, ново примен се петмина од нив тројца трансферирани од Интерно ан Физикално . На кислородна поддршка се 20 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол нa Општа Болница Велеc.
Tweet |