речник контакт

Во велешка Болница на лекување се 99 пациенти со ковид-19 , оздравени има 42 лица

Бројот на активни случаи во велешко со ковид-19 е 788

Петар Печков

Министерството за здравство објави дека во текот на вчерашниот ден, недела има оздравени 42 пациетни а ново заразени се  16 лица. Или бројот на активни случаи во велешко со ковид-19 е 788 а досега биле заразени  4.728. 

Вкупно  хоспитализирани во велешка Болница се 99 лица,  од кои 90 се потврдени позитивни, шест се  сомнителни  и тројца  пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 49 пациенти. Испишан е   еден  пациент како оздравен  со еден  негативен тест.

Почината е  пациентка на 79 годишна возраст од село Мустафино  - светиниколско, позитивна, лекувана три дена во Модуларната болница.

На Инфективно одделение се исполенти сите   54 кревети, на Интерно има пет и во  Модуларна болница има  40 пациенти. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »