Петар Печков
Објавено: петок, 18 јуни 2021
Во ЈЗУ Општа Болница Велес денес се хоспитализирани тројца пациенти ,сите се негативни на ковид-19, но имаат потреба од болничко лекување. На кислородна поддршка е еден пациент.
„После година и неколку месеци прв пат во ковид центарот на Инфективно одделение нема позитивни пациенти“ - соопшти д-р Елеонора Јованова , портпарол на Болница Велес.
Првите позитивни случаи со корона вирусот, ова одделение ги прими на крајот од месец март, лани. Во него се лекуваа лица освен од Велес и соседните општини и од Свети Николе, Кавадарци, Неготино и Демир капија.
На Инфективно одделение од велешка Болница, згрижен е еден пациент, на Интерно одделение двајца пациенти.
Во здравствениот билтен за изминатите24 часа на Министерството за здравство, пишува дека во велешко нема, нов случај на позитивен на ковид-19, ниту оздравен. Или бројот на активни случаи е три лица.
Tweet |