речник контакт

Во велешката Гимназија имало и учителска паралелка, во далечната 1960 -1964 година

ТрМр во открива досега малку познат момент од историјата на најстарата средношколска образовна институција во Македонија

Петар Печков

Во далечната 1960 година во велешката гимназија „Кочо Рацин“  е оформена педагошка паралелка, прв пат од постоењето на најстарата средно образовна институција во Македонија. Овој податок е малку познат, но оживеа со помош на тогашните ученици, денес пензионери и средбата со еден до нив Трајко Јанев.  

„Се запишавме 1960 година, чинам пет класа бевме. Јас имав веќе завршено прва година и кога дознав дека ќе има педагошка паралелка, се вратив пак во прва година. По училиштата имаше вработени со несоодветно образование а имаше голема потреба и затоа се формираше. Веќе во втора година од пет паралелки станавме три, имаше селекција. И во завршната четврта година  1964-та завршивме две паралелки“ – раскажува Јанев.  

По завршувањето веднаш се вработил. Првото било во велешкото село Бањица, тогаш големо село со бројни ученици. Потоа се запишал на Педагошка академија во Штип, која ја завршил вонредно. Па се вработил во Конче- радовишко, во осмолетката Гоце Делчев. Интересно е што таму директор бил кај велешани подоцна познатиот свештеник поп Глигор Лапевски, кој  работел со сопругата. Подоцна работел во велешкото село Водоврати, па директор во Иванковци,  наставник во Башино село за да работниот век во заврши во ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот во Велес.  

Меѓу тогашните ученици бил и Иван Ване Донев, кој живее во Канада, но летово беше во родниот Велес, и можност тој да посведочи за оваа педагошка паралелка.

„По завршувањето на осмолетката конкурирав за упис на  средна педагошка во Скопје. Кога дојде време за тестирање, ми викаат тебе не те примаме, се отвора паралелка  во Велес, оди таму. Поднесувам документи во Велес, во гимназија и директорот Славко ми вика, нема примање велешани, паралелките се отворени за тие од село. Отидов  дома и на татко ми му кажувам. Тој веднаш отиде кај градоначалникот Стојче Ивановски, беа колеги со татко ми од Талкова, кој ургираше кај Славко и така ме примија. По завршувањето веднаш се вработивме, по селата. Ние кога завршивме  по нас  имаше прва, втора и третата година, тие ги укинаа и префрлија во редовна Гимназија, заврши само нашата генерација“ - раскажа Донев

Класни во завршната  четврта година биле Божидар Ампов  и Јоле Трајковски, директор во генерацијата сите четири години бил  Славко Николов, подоцна директор на велешкиот архив.  Меѓу професорите ги помнат  француски предавала  Љиљана Ставрева, математика Јован  Хаџи Ничев.  

„Јас и други од генерацијата се запишавме Гимназија, по три недели од почетокот помина директорот Славко и вика, кој сака да учи учителска може да се префрли. И така како деца, зимај столчињата во раце и се префрливме во педагошка, така започнавме. Во класот бевме 30 ученици. И веднаш по завршувањето заминав во село на работа, во Лисиче и Чашка 25 години.  Еден клас учеше француски , друг руски“ – раскажа Мита Јовановска. Таа во ова средно образование го сретнала нејзиниот животен сопатник Живко, со кога подоцна стапиле во брак.  

Низ средби се ширеше кругот на тогашни ученици, подоцна наставници, кои учеле во првата и единствена генерација која се образувала во велешката гимназија.

Секој до нив откриваше по еден момент, епизода од образованието, од животот, вреден да се спомене, да се запише, запомни, бидејќи се дел до историјата на градот.  

„Во паралелките учеа многу ученици од други градови од Повардарието, Кавадарци, Неготино,   Гевгелија. Запишувањето беше интересно, бидејќи останеле слободни места и за да се пополнат, директорот ни рече кој сака нека оди во тие училници. И ние како деца на 14-15 години столчињата во раце и правец таму. Така се запишавме.   Професорите претежно ни диктираа, немаше учебници, имавме практична настава по основните училиште, држевме предавања по методски единици “ – рече  Аспарух Аспарухов.

Во недостаток на таблото  од завршната 1963/64 година, бидејќи соговорниците не можеа да го пронајдат, за илустрација од средба на генерацијата на 20 годишнината во дворот на матичното средно „Кочо Рацин“.

Од 1976 година во гимназијата беше отворена и медицинска паралека, која постоеше шест години. 

АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »