Петар Печков
Објавено: вторник, 15 октомври 2024
Во велешката библиотека Гоце Делчев беше промовирана книгата на норвешката авторка Хилде Миклебуст. Таа лично допатува во Македонија, во Велес на промоцијата на романот „Распарчени“ издание на македонски на Бата прес.
Миклебуст напишала интимна приказна исполнета со силни емоции, наменета за млади, живописен роман за пријателството.
„Во ред е, истовремено да се биде тажен и радосен"- им порача авторката Миклебуст на средбата со учениците од основните училишта од Велес, кои присуствуваа на промоцијата.
Авторката сподели моменти од настанувањето на романот, градењето на карактерите на ликовите, како и вистинската причина за содржината на романот, загубата на нејзиниот пријател Аре.
Во романот приказната е за школски другари за кои започнува летниот распуст, пред да почнат во средно училиште и секој по својот пат, да бидат разделени во различни животни насоки.
Промоцијата се одвиваше преку интерактивна дискусија меѓу авторката и младите читатели.
фото ФБ/ Локална библиотека Гоце Делчев
Tweet |