речник контакт

Во велешката касарна одбележани 30 години на АРМ

Командата за Обука и Доктрина КОД како дел до Армијата, има голем придонес за градењето на капацитети, кои ги користат сите останати единици

Петар Печков

Велешката касарна Алексо Демиевски Бауман“ и Команданта за обука и доктрина ја одбележаа 30 годишната на  Армијата на Република Македонија, институција која има најголема. За јубилејот говореше  полковник  Лулзим Нуредини, началник на штабот на КОД.

„ Вистинските предизвици за формирањето на Армијата се во периодот на осамостојувањето и независност на Република Македонија, односно во периодот на распадот на поранешна Југославија. По одржувањето на референдумот за самостојност,  имавме многу сложена ситуација во земјата, односно независна држава со туѓа армија на сопствената територија. Тогашниот претседател на држвата Киро Глигоров, на 21 февруари 1992 склучи договор со заменикот на сојузниот секретар на народна одбрана на СФРЈ Благој Аџиќ за дислокација на ЈНА од територијата на Македонија. Целосната контрола на територијата на Македонија е превземена на ден 27 март 1992 кога и последниот војник на ЈНА ја напушти територијата на Македонија. Во знак на означување на овој многу важен ден, Генералштабот на Армијата ја носи и Воената пошта 2803, што значи прв ден сопствена Армија“ - кажа полковник Нуредини.

Тој како  началник на штабот на Командата за обука и доктрина, потенцира дека КОД како дел до Армијата, има голем придонес за градењето на капацитети, кои ги користат сите останати единици.  
За Денот на АРМ,  на старешини од велешката касарна им беа доделени унапредувања и  награди.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »