Петар Печков
Објавено: среда, 11 февруари 2026
Работните обврски во велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“ продолжуваат по четирите случи на шуга. Согласно годишниот план и програма за обука со новопримените професионални војници вчера на 10 февруари, се реализирала пешадиска обука на тема: „Индивидуални постапки на движење на војник“. Обуката била насочена кон унапредување на тактичките вештини.
Паралелно со обуката со професионалните војници, во касарната започна и стажирањето на питомците од 3 и 4 година од Воената академија. Тие активно учествуваат во обуката на професионалните војници во улога на командири на одделенија и командири на водови. На тој начин питомците имаат можност практично да ги применат стекнатите знаења и да развиваат командни и лидерски способности во реални услови.
фото АРМ
| Tweet |









