Петар Печков
Објавено: петок, 23 ноември 2018
Во крвадарителска акција спроведена помеѓу припадниците на АРМ,беа собрани 139 крвни единици. Вработени, војници на доброволно отслужувања на воениот рок, професионални војници од велешката касарна ,,Алексо Демниевски Бауман,, несебично ја подадоа раката и даруваа крв. 128 од дарителите се од машки пол, а 11 се жени, голема е бројката на дарители, дури 68 кои за прв пат даруваат.
Крводарителската акција заеднички ја реализираа Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес и Институтот за транфузиона медицина од Скопје и оваа есенската крводарителска акција која се одржа на 19-ти ноември ја оценуваат како одлична.
Во трите акции кои се одржаа во март, јули и ноември во Гарнизонот на АРМ и Командата за обука во текот на 2018 се даруваа вкупно 284 крвни единици.
Tweet |