Петар Печков
Објавено: петок, 20 ноември 2020
Припадниците на Армијата денеска повторно ја потврдија нивната хуманост. На есенската акција која се одржа денес, петок, во просториите на велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ даруваа вкупно 24 крвни единици.
Ова е голема бројка ако е има во предвид фактот дека во касарната повеќе не доаѓаат војници доброволци, туку овде се само офицери, подофицери и професионални војници - велат од Општинскиот Црвен крст, кој заедно со Институтот за трансфузиона медицина, беа организатори на оваа акција.
Во период на Пандемија со Корона вирус, ова е втора крводарителска акција која се реализира во велешката касарна. На јунската даруваа 25 припадници на армискиот состав. За утре, сабота е закажана крводарителска акција, организирана со Здружението на граѓани „Велес бајкинг“, која ќе се одржи во Ликовен салон од 9 до 14ч.
Tweet |