Петар Печков
Објавено: среда, 22 ноември 2017
Во касарната Алексо Демниевски Бауман во Велес, се изведе акција за доброволно дарување на крв која ја спроведоа екипата на Заводот за трансфузиона медицина од Скопје заедно со Општинскиот Црвен крст од Велес. Крводарителската акција во гарнизонот на АРМ изведена е петокот на 17-ти ноември.
На акцијата се собрани вкупно 52 крвни единици од кои 10 од крводарители - жени. Војниците кои служат доброволно воен рок, како и дел од вработените, војни лица и професионални војници, несебично ја подадоа раката и ја покажаа хуманоста.
Во ланската акција беа собрани 63 крвни единици.
фото архива
Tweet |