Петар Печков
Објавено: среда, 04 септември 2024
Припадниците на Армијата кои се стационирани во Велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ одново ја покажаа нивната хуманост. На акцијата одржана денес среда 4 септември, крв даруваа, oфицери, подофицери, професионални војници и граѓански лица со служба во Армијата.
„На крводарителската акција се собраа вкупно 23 крвни единици. Едно лице даруваше за прв пат и стана дел од големото семејство на крводарители. Ова е втора крводарителска акција, првата беше реализирана во февруари и беа собрани 29 крвни единици“ – информира Орце Николов, секретар на ОО Црен крст Велес.
Истата заеднички ја изведоа Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
фото ФБ/ ОО Црвен крст Велес
Tweet |