Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 август 2014
,,Приказни од шестиот кат,, е новата претстава на велешкиот театар чии подготовки започнаа неодамна. Иако се` уште лето, театарот порани со подготовките на нова претстава. Режисер е Дејан Дамјановски кој ја работи по текстови на неколку раскази на Драги Михајловски. Во претставата игра поголемиот дел од актерската екипа на велешкиот театар.
Оваа претстава е дамнешна идеја на директорот Витанов и мене. И по толку години се навративме на неа. Драматизацијата ја работев една година, имаше куп идеи и верзии, сега е се целосно, материјалот кога ќе се допре со актерите нешто се менува. Имаме одлична креативна атмосфера, сега сме во фаза на читање, која ќе заврши на почетокот на септември. Ниту мене лично, ниту на актерите кои дојдоа одморни, не ни пречат летните температури – вели Дамјановски.
Претставата ќе биде одиграна во новата зграда, но ќе биде прикажана по отворањето со новиот драмски текст, кој ќе се случи при крајот на октомври ,,Приказни од шестиот кат,, е драматизација на шест раскази на Драги Михајловски, тоа се: Случка, Мерсо, Сведок, Ѓон и Нушиќ, кои се обединети од Антологичар,,. Приказната е за професор од САД, кој по трауматичен развод и неуспешен брак, решава да дојде во Македонија, и бегајќи до личната драма, да живее и работи тука. Решава да работи на антологија на македонскиот расказ.
Дамјановски објаснува дека структурата на текстот личи на Декамерон, на Кантербиркски приказни, но поместена во денешно време, во современи услови. Костимографија ќе ја работи Елена Дончева, сценографија Кирил Василев и музика Сашко Костов. Дамјановски ова му е петта претстава, по дуо драмата ,,Самотијата на памучните полиња,, ,, Дон Жуан,, ,, Џинот,, ,,Злосторство на островот на козите,,.
Tweet |