речник контакт

Во велешкиот театар подготовки за првата годинашна премиера „Нора‘‘

Во велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во тек се пробите на ансамблот кој работи на новата прва премиера во 2011 година. Тоа е претставата „Нора‘‘ или „Домот на куклата‘‘ по текст од најпознатиот скандинавски драмски писател Хенрикс Ибзен, во режија на Никола Ристов.

Петар Печков

Оваа претстава повеќе пати била изведувана на македонската професионална и аматерска сцена. Младиот режисер Никола Ристов појаснува дека основната идеја на Ибзен во ова дело, кое би требало да биде и школска лектира, е борбата на жената и женските права од 1879 година наваму.

Нашата приказна е идејата човекот да остане човек. При разните притисоци на човекот од околината, општеството, семејството и губењето на сопствениот идентитет,човекот треба да најде некој иако тежок начин за да се избори и ги оствари своите сопствени потреби. Воедно и да се научи да живее не според други правила, туку според своите прилично морални правила и желби, вели режисерот Никола Ристов.

Инаку, ова е негова трета премиера во велешкиот театар каде досега со успех на сцена ги има поставено и претставите „Мушичка‘‘ и „Проклетството на изгладнетата класа‘‘,а која беше и негова дипломска работа.

Во претставата ќе настапат актерите Кети Борисовска,Самоил Стојановски,Александар Ѓорѓиев,Едмонд Соптир,Маја Љутков и Зорица Панчиќ.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »