Петар Печков
Објавено: сабота, 06 март 2021
Билтенот на Министерството за здравство за денес, сабота е дека во велешко има 11 нови случи на лица позитивни на ковид-19 и деветмина оздравени.
Со тоа активни се 245 случаи а досега се заразени 3.562 лица. Од последиците на корона вирусот, досега починале 112 лица од велешко.
Од велешка Болница информираа дека кај нив се згрижени 39 пациенти, од нив 31 се на Инфективно одделение и осуммина на Интерно. Од лежечките пациенти 26 се потврдено позитивни, петмина се сомнителни и осум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се единаесет пациенти. Испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Tweet |