речник контакт

Во велешко во неделата казнети 29 лица за не носење заштитна маска

Колкумина се казнети во Кавадарци, Неготино, Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Петар Печков

Вчера во неделата, СВР Велес информираше дека за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита  казнети  сe 47 лица.

Во  Велес 29 и  16 во Кавадарци, две во Неготино. За споредба 24 СВР Охрид биле изречени 24 прекршоци за не носење лична заштита на лицето- Охрид- 2, Струга-14, Кичево-7, Дебар-1.

Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест ковид-19.

Казната за овој прекршок  е 20 евра во денарска противвредност, а доколку се плати во рок од  осум дена е 10 евра или 620 денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »