Петар Печков
Објавено: вторник, 13 септември 2022
Во основно и средно образование во општината во учебната 2022/23 година, запишани се 6.481 ученик или 69 помалку од ланската учебна година, а за 143 ученици помалку од учебната 2020/21 година. Ако е за утеха голем пад од 360 ученици помалку во настава, имаше во учебната 2020/21споредено со 2019/20 година.
Во основното образование бројката е без малку идентична , се движи околу 4,5 илјади три години по ред, 4489, лани 4.500 наспроти 4.503 пред две години. Бројката на ученици опаѓа во средното образование, годинава 1.992, лани 2.050 наспроти 2.121 пред две години.
Во прво одделение годинава запишани се 473, исто колку и лани што е за 12 ученика помалку од 2020/21. Во прва година средно во четирите училишта запишани се 526 ученици, што е за пет помалку од лани .
Податоците се добиени од локалната власт, по поставено прашање за бројот на запишани ученици о учебната 2022/23 година.
При презентирањето на текстот, задолжително да се соопшти, дека анализата е на порталот Тирековмирече.
Tweet |