речник контакт

Во велешко деветмина заболени од бруцелоза

На Светскиот ден на борбата против оваа болест, објевено дека најмалиот пациент има само една година, највозрасниот 82.

Петар Печков

Од почетокот на годинава досега во диспанзерот во Велес се пријавени и се лекуваат деветмина новозаболени од туберкулоза. Во истиот период минатата година имало само двајца новозаболени.Петмина од  болните се со надвор  а четири со внатре белодробно заболување.

Туберколозата за жал и во 21 век се уште е присутна, лекарскиот  тим од Анти-туберколозниот диспанзер од Велес, подржани од Светската здравствена организација успешно  се борат и справуваат во нејзиното сузбивање и лекување на заболените.

Има периоди од годината  кога имаме и  четворица заболени за десет дена или нема ниту еден заболен за цел месец. Може тој број да биде поголем или помал до крајот на годинава, но во просек годишно во Велес во последниве неколку години има од 20 до 25 новозаболени од туберколоза на  возраст од една до 82 години - изјави д-р Анета Ковачки пнеумофтизиолог од велешкиот Анти-туберкулозниот диспанзер

За ширење на болеста, додаде таа, влијаат и тешките социјални  услови на населението во земјата, влажните простории,  како и недоволната лична и семејна хигиена. Според неа, превентивата е многу важна, а тука спаѓа и редовната вакцинација, која започнува уште од првата година возраст.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »