Петар Печков
Објавено: четврток, 03 декември 2020
Центарот за јавно здравје Велес објави дека денес има 59 ново заразени лица со кoвид-19 во велешко или вкупно 2.127. Оздравени се 18 или вкупно досега 1.297. Активни се 761 случаи, 691 дома и шест во приватни клиники Скопје и едно во торако васкуларна клиника.
Во велешката Болница хоспитализирани се 60 пациенти, од кои 49 потврдени позитивни, седум сомнителни и четири пациенти со негативни тестови а со здравствени проблеми. Од нив 21 пациент е на кислородна поддршка.
На Инфективно одделение се сместени 51 пациент, на Физикално пет и на Интерно четири.
Tweet |