речник контакт

Во велешко денес 55 нови случаи на позитивни на ковид-19, оздравени се 39 лица

Бројот на активни случаи е 770, од нив на домашно лекување се 691. По подолг период, денес нема регистирано починати жители од велешко, последица на ковид-19

Петар Печков

Се зголеми бројот на нови позитивни случи во велешко, денес се регистрирани 55 со што вкупната бројка на досега заразени е 1.566 лица, информираа од Центарот за јавно здравје Велес. Денес како оздравени се водат 39 лица и досега вкупно во велешко се излекувани 740. Бројот на активни случаи позитивни  е 770,  од нив 70  во велешка Болница, 2 во ГОБ 8-ми септември седум во приватни клиники и 691 на домашно лекување


Вкупниот број на хоспитализирани пациенти  велешката Болница  е 77, од нив 64 се потврдени позитивни, 5 сомнителни и 8 со негативни тестови но со симптоми и здравствени проблеми. Тројца пациенти  биле испишани со два последователни негативни теста како оздравени  а 28 пациенти  се на кислородна поддршка. на Инфективно се сместени  54 ,  на Физикално  13 и на
Интерно одделение  10 пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »