Петар Печков
Објавено: среда, 11 ноември 2020
Во текот на денешниот ден 64 лица од велешко се ново заразени со ковид-19, оздравени се 11 лица. Ова доцна вечерва го соопшти Министерството за здравство. Вкупниот број на активни случаи се 722 а досега имало регистрирано 1273 случаи.
Вкупниот број на хоспитализирани пациенти во велешката Болница е 63, од кои 11 сомнителни и 52 потврдени позитивни. 51 се сместени на Инфективното одделение, 11 на одделението за физикална медицина и 1 на интерно одделение. Испишани тројца пациенти со два последователни негативни теста а 20 пациенти се наоѓаат на кислородна поддршка.
Tweet |