речник контакт

Во велешко денес повеќе оздравени отколку ново заразени со ковид-19

Активни се 229 случаи, во велешка Болница се хоспитализирани 36 пациенти

Петар Печков

Денес, четврток, Министерството за здравство објави дека во велешко има повеќе оздравени -лица  14 и седуммина  ново заразен со ковид-19.   Активни се 229 случаи  а досега се заразиле 3.313 лица.

Бројот на починати од последици на корона вирусот, во велешко е 108 пациенти.


Во велешка Болница се хоспитализирани 36 пациенти, од нив на Инфективно одделение се 32  и четворица  на Интерно.  Од лежечките пациенти  28 се потврдени позитивни, еден пациент е сомнителен  и седуммина   пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се осум  пациенти. Испишани се  четворица пациенти како оздравени со по еден  негативен тест.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »