речник контакт

Во велешко денес регистрирани 40 нови случаи со ковид-19, оздравени се 26 пациенти

Активни случаи во поширокиот велешки регион има 739 случаи

Петар Печков

Денес во велешко се регистрирани 40 ново заразени со ковид-19 а оздравени се 26 лица, објави Министерството за здравство. Така бројката на активни случаи е 736 а досега биле заразени 1.313. лица.

Во велешката Болница има хоспитализирани вкупно 78 пациенти, од кои 13 сомнителни и 65 потврдени позитивни. На Инфективното одделение се сместени 54, 17 на одделението за физикална медицина и 7 на интерно одделение. Од нив 22 се на кислородна поддршка.

После полноќ починат e еден пациент од Свети Николе на 62 годишна возраст, кој бил  примен на 9-ти ноември  со ниска сатурација на кислород, прв тест на ковид-19 негативен,  вториот  тест кој стигнал утринава е позитивен. Во тек на денешниот ден транспортиран еден пациент по барање на семејството во Жан Митрев клиника.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »