речник контакт

Во велешко денес регистрирани 44 нови позитивни случаи на ковид-19

На Инфективно одделение има 47 пациенти, активни во велешко се 422 случаи

Петар Печков

Центарот за јавно здравје Велес, денес- недела,  во велешко  регистрираше  нови 44  случаи на ново заразени со ковид-19, има и четворица оздравени.

Во Велешко има активни 422  случаи а досега се вкупно заразени 814 лица, оздравени 363.

На домашно лекување се 377 пациенти, на Инфективно одделение 39 велешани, четворица  се на приватни клиники во Скопје и две родилки се на ГАК во Скопје.

На Инфективно одделение има 47 пациенти, 44 потврдено позитивни, тројца сомнителни, 17  пациенти се на кислородна поддршка.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »