Петар Печков
Објавено: четврток, 10 декември 2020
Денес, четврток, шести ден по ред повеќе оздравени отколку заразени во велешко. Центарот за јавно здравје Велес изброи дека се оздравени се дури 55 лица а ново заразени со ковид-19 се 39. Досега во велешко биле регистрирани болни 2.346 а оздравени 1.570 лица.
Активни се 700 лица на лица со корона вирус, осум од нив се во приватни клиники во Скопје, едно во торако васкуларна и 629 домашно лекување.
Вкупно хоспитализирани во велешка Болница се 58 пациенти од кои пет сомнителни, 51 потврдени позитивни и двајца негативни, но со здравствени проблеми.
Испишани се осум пациенти со негативни тестови, 30 пациенти се на кислородна поддршка.На Инфективни одделение се 46 пациенти, на Физикално десет и на Интерно двајца,
Tweet |