Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 февруари 2021
Министерството за здравство објави дека во велешко денес, понеделник, има ново лице позитивно на ковид-19 и седуммина оздравени. Со ова бројката на активни случаи во велешко е 255 а досега заразени биле 3.101.
Денес е починат еден пациент на 72 годишна возраст,од Велес, позитивен, лекуван на Интерно одделение шест дена. Тој е 104-та жртва на последиците на корона вирусот.
Вкупно во велешка Болница се хоспитализирани 24 пациенти, од кои 21 се потврдени позитивни, двајца се сомнителни и еден пациент е со негативен брис, но задржан на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 7 пациенти. На Инфективно одделени се 22 а на Интерно двајца пациенти. Од Болница е испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.
Tweet |