Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 септември 2021
Во основно и средно образование во општината во учебната 2021/22 година, запишани се 6.550 ученика што е за 74 ученици помалку од ланската учебна година. Додека во основното образование бројката е без малку идентична - 4,5 илјади годинава наспроти 4.503 лани, во средното има помал број ученици - 2.050 годинава наспроти 2.121 лани.
Ако е за утеха минатата година имаше 360 ученици помалку во настава, отколку во учебната 2019/20 година.
Еве како е состојбата по училишта во основното образование годинава:
ОУ Панко Брашнаров 725
ОУ Св. Кирил и Методиј 632
ОУ Блаже Конески 1124
ОУ Васил Главинов 1190
ОУ Стојан Бурчевски Буридан од Иванковци 86
ОУ Рајко Жинзифов од Горно Оризари 182
ОУ Лирија од Бузалково 561
и во средно образование:
Гимназија Кочо Рацин 496
Хемиско Димитрија Чуповски 506
Економско Јовче Тесличков 213
Коле Неделковски 835
Во прво одделение годинава запишани се 473 ученици. Тоа е за 12 ученика помалку од лани. Еве каква е состојба по училишта:
ОУ Панко Брашнаров 80
ОУ Св. Кирил и Методиј 59
ОУ Блаже Конески 110
ОУ Васил Главинов 132
ОУ Стојан Бурчевски Буридан 11
ОУ Рајко Жинзифов 19
ОУ Лирија 62
Во прва година средно во четирите училишта запишани се: 531 ученик што е за 17 ученици повеќе од лани. Или по училишта:
Гимназија Кочо Рацин 105 (македонски јазик)
13 (албански јазик)
Димитрија Чуповски 134 ученици
Јовче Тесличков 56 ученици
Коле Неделковски 223 ученици
Податоците се добиени од локалната власт, по поставено прашање за бројот на запишани ученици о учебната 2021/22 година
Tweet |