речник контакт

Во велешко нема кластери, но има семејни и соседски жаришта во Мелница, Градско, Горно Оризари

Лица од други градови кои се тестираат во Велес за корона вирусот, не знаејќи каде е пунктот, шетаат низ градот и се закана по другите граѓани

Петар Печков

Вирусот во велешко е распространет широко и не можеме за зборуваме  и лоцираме  за кластери.  Постојат семејни и соседски жаришта во Мелница, Горно Оризари и Градско.  Во споредба со претходните три - четири седмици, состојбата со ковид заразата во велешко се смирува.  

Ова е оценката  на Општинскиот кризен штаб на Велес, за состојбата со корона во поширокиот велешки регион, вклучувајќи ги и општините Чашка и Градско, која на прес конференција ја презентираше градоначалникот Аце Коцески.  

Во велешка Болница освен пациенти од велешко се лекуваат и четворица пациенти од Свети Николе.

Лица кои се упатени на тестирање за ковид во Велес а се од други градови, не знаат точно каде се наоѓа пунктот. Поради тоа тие се шетаат низ градот, до Болница, Хигиенски или Брза помош, па дури на крај  доаѓаа во пунктот, кој е  во поранешното ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот. Тие не се упатени каде се наоѓа, со што по остварените контакти доведуваат во опасност други сограѓани од Велес - кажа градоначалникот Коцевски.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »