Петар Печков
Објавено: недела, 15 ноември 2020
Во велешко денес биле регистрирани 54 нови лица заразени со ковид-19, оздравени се 20 пацинети, со што бројката на активни случаи е 774 лица, соопштија од Центарот за јавно здравје Велес.
Од нив во велешката Болница се 63 лица, две во ГОБ 8-ми Септември во Скопје, шест во приватни клиники во Скопје, 703 на домашно лекување. Вкупниот број на досега заразени во велешко е 1.447 лица а од нив 632 се оздравени.
Во Велешката Болница хоспитализирани се 80 пациенти, од нив 63 се потврдено позитивни, 14 сомнителни и тројца се негативни но со симптоми и со здравствени проблеми.
Денес бил испишан еден пациент со два последователни негативни теста, 28 пациенти се на кислородна поддршка. На Инфеткивно одделение сместени се 55 пацинети, 11 на Одделението за физикална медицина и 14 на Интерно.
Tweet |