Петар Печков
Објавено: среда, 18 август 2021
Од 1.081 ново заразен со ковид-19 во Македонија, во велешко има девет случаи. Ова го соопштија од Институтот за јавно здравје по објавениот здравствен билтен за изминатите 24 часа. Во велшко има активни 70 случаи на лица позитивни на корона вирусот.
„На инфективно одделение вкупно се хоспитализирани 12 пациенти, 11 се потврдени позитивни и еден сомнителен. Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест. На кислородна поддршка се пет пациенти“ - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на велешка болница.
Tweet |