Петар Печков
Објавено: четврток, 06 мај 2021
Изминатите 24 часа, во велешко оздравени се 43 пациенти а ново заразени со ковид-19 се 10, соопштија од Министерството за здравство. Или активни се 413 пациенти а досега биле заразени 5.433 лица.
„Починат е пациент на 78 годишна возраст, позитивен од Велес, лекуван на Интерно одделение два дена. Во текот на вчерашниот ден пациентка на 72 годишна возраст е транспортирана во Приватна Болница -Жан Митрев- Скопје. На кислородна поддршка се 23 пациенти. Испишани се 16 пациенти како оздравени со по еден негативен тест“ – кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес.
Во велешка Болница хоспитализирани се 63 пациенти, од кои 42 се потврдени позитивни, тројца сомнителен и 18 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение се 37 пациенти, на Интерно седум и во Модуларната болница 19.
Tweet |