речник контакт

Во велешко повеќе оздравени отколку заразени со ковид-19, но и еден починат пациент

Во трите ковид одделенија од Болницата има згрижено 43 пациенти

Петар Печков

Повеќе оздравени отколку ново заразени, таква е здравствена состојба во велешко со корона вирусот.

Изминатите 24 часа Институтот за јавно здравје регистрирал 16 оздравени додека нови случаи на лица позитивни на кводи-19 има  11. Активни се 357 случаи. Има  и еден починат пациент, лекуван на Инфективно одделение од велешка Болница, маж на 89 годишна возраст од Велес, со повеќе коморбидитети.  Тој е 254 жртва на корона вирусот во велешко.

Во трите ковид одделенија од Болницата  има згрижено 43 пациенти, еден повеќе од вчера.  Од нив 32  се позитивни потврдени со ПЦР тест, еден е  непотврден  и десетмина се   негативни, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Примен и испишан е по еден пациент. На  континуирана кислородна поддршка се 12“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективното одделение згрижени се 20, во Модулaрна болница  е 18   пациент додека на Интерното одделение каде се сместени сомнителните случаи има петмина. Слободни има 55 кревети.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »