Петар Печков
Објавено: недела, 20 февруари 2022
Повеќе оздравени отколку ново заразени случаи се регистрирани во велешко изминатите 24 часа. Податоците од Министерството покажуваат дека има 31 оздравен и 15 нови случаи. Бројот на активни случаи во велешко е 297 лица. Починати нема.
Во трите ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 35 пациенти тројца помалку од вчера . Hа Инфективно се хоспитализирани 16, на Интерно седум и на Физикално 12 пациенти. Потврдено позитивни се 18, непотврдени се четворица и негативни се 14 но со потреба од болничка нега.
„Испишани се петмина пациенти со еден негативен тест, ново примени нема. На кислородна поддршка се 20 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |