Петар Печков
Објавено: недела, 29 ноември 2020
Во велешко денес, недела, има 19 лица ново заразени со ковид-19, со што вкупниот број стигна до 1.971.Оздравени се 27 или вкупно 1.164 пациенти, соопштија од Центарот за јавно здравје Велес.
Во велешко има активни 741 случаи на лица со корона вирус, 60 се сместени во велешка болница, седум во приватни клиники во Скопје а 674 се на домашно лекување.
Во велешката Болница хоспитализирани се вкупно 63 пациенти, 55 потврдени позитивни, тројца сомнителни и петмина пациенти со негативни тестови но со здравствени проблеми, 22 пациенти се на кислородна поддршка.
На Инфективно одделение се 45 пациенти, на Физикално 13 и на Интерно петмина.
Од Болница соопштија дека е починат маж од Велес вчера околу 21ч. на 67 години, потврден позитивен на ковид-19. Тој е 66-та жртва ма корона вирусот во велешко.
Tweet |