речник контакт

Во велешко се намалува криминалитетот а зголемува ефикасноста на неговото откривање

7-ми мај Денот на полицијата

Петар Печков

На пригодната свеченост по повод 7-ми мај Денот на македонската полиција во просториите на СВР Велес  раководството на велешката полиција ги презентираше нивните резултати од работењето во  2013-та година.

Во делот на криминалитетот, полицијата се пофали со  намалувањето на регистрирани кривични дела во однос на 2012  за 11% и фикасност на откривање на кривични дела од 58%. СВР Велес на ниво на МВР на Република Македонија е Сектор со најмал број регистрирани кривични дела.  Исто така и малолетничката деликвенција во однос на 2012 година бележи намалување од 10%. О

д областа на јавниот ред и мир има намалување на регистрираните прекршоци во однос на 2012 за 13% што овозможило обезбедување стабилен јавен ред и мир во општината. Активностите на полицијата  првенствено биле насочени кон намалување на репресијата и засилување на превенцијата.

Во делот на сообраќајот, активностите кои ги превземал СВР Велес главно биле кон обезбедување услови за безбедно и непречено одвивање на патниот сообраќај. Особено внимание било посветено на патните правци со поинтензивен сообраќај, како и места каде според статистиката се случени потешки сообраќајни несреќи.

Во однос на 2012 година, има благо зголемување на регистрирани сообраќајни несреќи  во општина Велес за 4,3%. СВР Велес како превенција реализирал  повеќе проекти „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ , „Заедно против насилството во училиштата“ , „Безбедно прославување на матурските и полуматурските прослави на учениците“ , „Безбедно управување со мотор“.

Генерална оценка е дека Секторот за внатрешни работи Велес во текот на 2013 година успешно и професионално ги извршуваше своите работни задачи и обезбеди стабилна безбедносна состојба на подрачјето. Наша задача ќе биде и во иднина да продолжиме да работиме на високо професионално ниво се со цел зачувување на стабилната безбедносна состојба и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, односно, оневозможување на обидите за нарушување на јавниот ред и мир и загрозување на личната и имотната сигурност на граѓаните  - изјави  заменик началникот на СВР Велес Стеве Димитриевиќ.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »