речник контакт

Во велешко спласнува заразата со ковид-19, нови случаи нема, четворица оздравени

Активни се 24 случаи во велешко, седум се на Инфективно одделение

Петар Печков

Четири случаи на позитивни со ковид-19 а десет оздравени изминатите седум дена е состојбата со пандемијата во велешко. Од Центарот за јавно здравје од Велес  информираа дека нови случаи на заразени со ковид-19 во велешко нема, а има четири оздравени лица. Сите биле на домашно лекување и по два негативни теста на земениот брис, се водат како излекувни.

Така како активни случаи во велешко се водат 24 лица, вкупно оздравени се 172, а вкупно заразени 209, додека 13 се починати.

Од активните 24 случаи,  7 се наоѓаат на Инфективното одделение во Општата болница во Велес, 15 се на домашно лекување, еден отслужува затворска казна во КПД „Идризово” и еден се наоѓа во Градската Општа болница „8 Септември” во Скопје.

На Инфективното одделение од  Општата болница во Велес денес има 18 лица на болничко лекување од нив десет се од Свети Николе, еден од Градско, четири од Велес, двајца од  Јаболчиште и еден од Кавадарци.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »