речник контакт

Во велешко учат 6.624 ученици, не 3.876 како што објави локалната власт

Од Општина Велес се извинија за ненамерната грешка, која е сторена кај учениците во основно образование

Петар Печков

Не 3.876 туку 6.624 ученика посетуваат настава во велешките средни и основни училишта. Локалната власт ја поправи грешката, која ја стори на 1-ви октомври кога ја објави бројката на ученици, за три илјади помала од реалната.  Како што ТрМр веднаш забележа дека разликата е во основните училишта, подоцна тоа го констатираа и надлежните од Општина Велес.

Ве известуваме дека во веста која Општина Велес ја објави во текот во врска со почетокот на новата учебна 2020 / 2021 година, беше направена ненамерна техничка грешка во бројот на ученици во основните училишта - пишува во информацијата доставен од локалната власт, со која се извинуваат за грешката.

Прво одделение учат 485 ученици а прва година средно 514 ученика. Така во основно училиште настава посетуваат 4.503 а во средно 2.121 ученик или заедно  6.624 ученици.

Тоа е за 360 ученици помалку отколку минатата година.  Лани локалната власт објави дека  имало 6.985 ученици, во основното образование имало  4.908 и 2.077 средношколци. Во  учебната 2018/19 година, во средните и основни училишта во велешко  тргнаа 6.673 ученика основци и среднисти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »