Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 февруари 2023
Во водите на реката Вардар,близу до Демир Капија, пронајдено тело на удавена жена. Истата семејството ја барало скоро еден месец, откако се водела како исчезната. Таа била препознаена од страна на нејзините блиски.
„На 19 февруари во 12.30 часот во водите на реката Вардар кај Демир Капија,полициски службеници од ОВР Неготино пронашле тело на удавено женско лице. По преземени мерки било утврдено дека се работи за М.Ч.(75 год ) од Демир Капија. за која на 24.01.2023 било пријавено дека се оддалечила од домот“ – соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Tweet |