речник контакт

Во возовите нема прва помош, кондуктерите не знаат како да помогнат

Велешанка заврши в болница откако багажот на сопатникот и падна на глава. Кондуктерот побегнал а таа 20 минути крварела додека стигнале до Велес

Петар Печков

Патничка заврши во Болница откако дел до багажот во патничкото купе завршил на нејзината глава. Инцидентот се случил во саботата попладне во патничкиот воз Скопје – Битола, во близина на железничката станица ,,Пчиња,, а никој од возниот персонал, не можел да понуди прирачни средства за прва помош бидејќи во возот ги немало. Од ЈП МЖ транспорт велат дека тие не можат да контролираат кој што се пренесува од патниците во неговиот багаж. Повредената патничка вели дека е среќна околност што дрвените музички кутии не паднале врз дете, бидејќи тогаш можело да има полоши последици.

Се враќав за Велес, кога на железничката станица ,,Пчиња,,, без возот да прикочи, добив силен удар во главата. Ми се замати и кога се фатив за главата, бев облеана во крв. Врз мене паднале дрвени музички звучници, кои патникот  во купето ги носеше. Побарав завој, било што од прва помош од кондуктерот и тој наместо да помогне, луто ме искара дека тој не е должен да ми помогне и побегна, си замина. До Велес имав уште 20-тина минути патување а поради повредата крварев и морав со хартиени шамивчиња сами да си помагам – вели Снежана Т. 

  По доаѓањето на  Железничката станицата во Велес заминала во Болница каде, по извршените снимања и прегледи  е препорачано задолжително мирување  поради повредата на главата. Таа е изненадена од игнорантската постапка на возниот персонал на железница, бидејќи според Правилникот  за безбедно одвивање на железничкиот сообраќај, предвидено е секој воз да има прва помош, и со неа  располага и ја дава возниот персонал, возоводителот или кондуктерот. Истиот  документ  е во употреба од февруари 2008-та година. Директорот на ЈП МЖ –транспорт вели дека патниците во возовите внесуваат секаков багаж, за кој тие не можат да сносат одговорност.

Имаме повеќе случаи на повреди на патници годинава, ова е петти. Јас можам да изразам жалење, но кај дел до патниците е присутна ниска свест. Тие во возот внесуваат се и сешто а ние не можеме да им забраниме тоа да го транспротираат. Како резултат на тоа доаѓаат во вакви инциденти – рече директорот Оливер Дерковски. Редовните патници на релацијата Велес - Скопје и обратно објаснуваат дека има денови кога со возот се пренесува пчелни сандаци, телевизори, техничка стока, аудио и видео техника, но и живи кози, кокошки, кучиња, рибарите уловена риба...

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »