Петар Печков
Објавено: среда, 15 април 2020
Во денешната крводарителска акција беа собрани 63 крвни единици.
Таа беше вонредна, и организирана од Општинската организација на Црвен крст Велес со Институтот за трансфузиона медицина Скопје, бидејќи има ниско ниво на залихи со крвни единици.
Истата се одржа во Ликовниот салон, кој претходно беше дезинфикуван а и по извршената акција. Од дарителите 15 биле жени а едно лице за прв пат дарувало крв.
Акцијата траеше пет часови од 9 до 14ч.
Од почетокот на годинава, во првите три месеци, заклучно до 31-ви март, во велешко имало собрани 855 крвни единици, што е над планираните 445 но за 300 помалку, отколку во истиот период лани.
Tweet |