Петар Печков
Објавено: петок, 04 јули 2014
Со уписот кој се изврши оваа седмица заврши првиот уписен рок за средните училишта, во прва година.
Најмногу 13 ученика се запишале во УСО Коле Неделковски, 5 во Економска –Јовче Тесличков, и по 3 во Гимназија Кочо Рацин и во Хемиска Димитрие Чуповски.
Така во четирите средни училишта во градот пополнети се 624 места во прва година, од 1122 колку се предвидуваше со уписната квота. Останаа слободни безмалку уште 500.
Третиот уписен рок е на 21 август а објавувањето на резултатите и запишувањето е на 22 август. Ако останат слободни места тие ќе се пополнуваат на 29 август.
Tweet |