Петар Печков
Објавено: петок, 01 јуни 2012
Велешани умираат најчесто од болести на циркулаторниот систем и рак а во градот има недостаток на матични лекари, стоматолози, гинеколози, наспроти тоа аптеки има повеќе од потребното. Ова се бројките од мрежата на здравствени услуги, изработена од Министерството за здравство.
Во Македонија сериозно е нарушена структурата на здравствени области, секој пациент не може да дојде до специјалист од различна областа. За илустрација моментално во Велес работат 36 амбуланти по општа медицина наместо потребните 55. Слично е и со стоматолозите, работат 32 а потребни се 55 . Во Велес има 4 гинеколози а потребни се 7. Многу поголем е бројот на аптеки кои е предвидено да работат во градот- наместо 18, сега функционираат 27. Министерот за здравство даде толкување за ова.
Не станува збор за потребен број, туку максимален број ординации или доктори. Секој договор над таа бројка може да има штети по здравствениот систем. Овој документ, оваа мрежа нема да важи една година, туку пет десет и таа ќе биде меѓник за натамошното работење во здравството – вели министерот Тодоров, објаснувајќи што значи оваа мрежа.
Според статистичките податоци во 2010-тата година во Велес починале 695 лица, од кои секој трет или 427 од болести на циркулаторниот систем а потоа следат неоплазмите со 20 отсто или секој петти велешанец починал од некој вид на рак. Потоа со ниски проценти од 4,5 отсто се ендокрини, нутритивни и метаболични болести, па 3,6 проценти се болести на респираторен систем. Во истата година велешани најмногу од заразните болести со две третини е присутна ентероколитис и една третина од сипаници. Во Велес природниот прираст во 2010-та бил 2,3 или наталитетот изнесувал 12,8 а морталитетот е 10,5 а смртноста кај доенчињата е 15,8.
Tweet |