речник контакт

Во двата вакцинални пункта во Велес, лани аплицирани се над 51 илјада вакцина за заштита од ковид-19

Во оваа бројка се и теренските вакцини изведени во руралните средини, како и од домашните посети. Опфатот со вакцинација во велешко, заклучно до 31-декември 2021- година е 43 отсто

Петар Печков

Во вакциналниот пункт во Велес во текот на изминатата година биле аплицирани повеќе од 51 илјади дози вакцина. Ова се бројките  од  двата пункта кои мината година функционираа,  Здравен дом Велес и од пунктот во спортската сала во средното училиште Коле Неделковски, но и од теренската вакцинација која се одвиваше во руралните средини и во соседните општини Градско и Чашка, како и од домашните посети.

„Во пунктот за COVID-вакцинација во Здравствен дом Велес од почетокот на вакциналната кампања на 31 март до крајот на 2021 година се аплицирани  51.056 илјади дози вакцини од четири  производители: Astra Zeneca - 7.097, Pfizer - 23.980, Sinopharm - 6.207, Sinovac - 13.772“ - кажа д-р Марина Тодоровска, координатор на вакцинацијата против ковид-19 во Велес.

Или по дози состојбата е следна: 1 доза - 23838;  2 доза - 23241; 3 доза - 3977.  Вакцинацијата продолжува и во наредниот период, секој работен ден од 7,30 до 13,30 во просториите на Уред. Се вакцинира и во домашни услови, за немоќните, болните и неподвижни лица. Во текот нa вчерашниот ден, вторник биле вакцинирани 10 лица.

Опфатот со вакцинација во велешко, заклучно до 31-декември 2021- година е 43 отсто, за население над 12 години е 49,5 и за население над 18 години е 53,6%. На ниво на држѓава опфатот е 40 отсто, +12 е 46 а 18+ е 50 отсто.

Освен граѓаните од Велес, во двата пункта вакцини примаа и жители на соседните општини Градско, Лозово и Чашка, а на почетокот од работата во спортската сала прва и втора доза примија и жители на Гевгелија. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »