Петар Печков
Објавено: вторник, 20 декември 2022
Во две одвоени крводарителски акции, кои се одржаа наменски, собрани се 114 крвни единици. Истите беа организирани од Општинската организација на Црвен крст на Велес и Заводот за трансфузиона медицина до Скопје. Првата беше по повод патрониот празник на ОУ Блаже Конески од Велес.
„Во оваа крводарителска акција учество земаа вработени, родители и останати сограѓани од нашиот град. Вкупно беа собрани 40 крвни единици и уште еднаш се покажа хуманоста на дело“- порачаа од училиштето.
По повод 17-ти Декември Денот на Општина Градско се одржа традиционалната крводарителска акција. Дарителите од Градско и останатите населени места во општината одново се потврдија како едни од најхуманите во државата. На крводарителска акција даруваа вкупно 74 дарители.
Tweet |