Петар Печков
Објавено: вторник, 29 ноември 2022
За последниот месец од годинава , декември, од велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ најавуваат дури три премиери.
Првата е „Креонт и Антигона“ во режија на младиот струмичанец Дејан Ангелов, втората е „Татко“ работена по истоимениот филм, со Ентони Хопкинс во главна улога, а во режија на Ненад Витанов.
И за крајот од годинава, наменска новогодишна претстава за деца во режија на Александар Ивановски, наловена „Зимска приказна“.
Од тековниот репертоар на почетокот не месецот декември, или петок и сабота оваа седмица, ќе се прикаже претставата „Инферно“ на Дејан Пројкоски, работена според „Пеколот “ на Данте чии сите три прикажувања беа распродадени.
Сите три премиери се работени со сопствени средства од велешки театар, не се поддржани од Министерството за култура.
Tweet |