речник контакт

Во дербито на дното, по бод за ФК Борец и ФК Работнички

Управата на ФК Борец реагира на судењето во досегашниот тек на првенството, навивачката група на игнорирање од управата а ФК Борец 1919 е последен на табелата

Петар Печков

Стадион Зоран паунов, стрелци: Ѓорѓиев 23` за Борец,  Кордоба 13`за Работнички

судија: Мантов Неготино 

ФК Борец 1919: Ѓорѓиевски, Пеев (ж), Стојковски, Ѓорѓиев, Коцев, Прелчец, Абаз, Ефремов, Гавриќ (ж), Христов, Ристовски  играа Николовски, Петров

ФК Работнички:  Шишковски, Велковски, Илиќ (ж), Петковски, Ацковски, Стојков(ж), Кордоба, Јаго, Тодоровски (ж), Тошевски (ж), Шарковски играа и Пановски (ж), Јусуфи, Паповиќ,

 Во дербито на дното, играа последниот Борец и претпоследниот Работнички о Скопје, победник немаше. Средбата заврши по резултат мирољубиво 1:1, но на теренот имаше искри и седум  жолти картони.  Гостите поведоа со 0:1 во 13 минута со голот на Кордоба, откако гостите проигруваа до домашниот 16-ник а фудбалерите од одбраната беа само гледачи, без реакција д се отстрани опасноста.  Можност за израмнување велешани имаа во 20-тата минута, кога беше погодена пречката додека со ефектниот гол на Ѓорѓиев, ФК Борец израмни на 1.1. Тоа беше и конечниот резултат. По седум кола ФК Борец е последен 10-ти со пет бодови.  Во следното коло гостуваат во Тетово , на ФК Ренова, која е петта со 10 бода. 

 По натпреварот со ФК Работнички, на фб страницата на ФК Борец 1919 имаше реакција за судењето во изминатиот дел до првенството. 

,,имаше пенал кој според судиите било судиско убедување...? Ова беше седмо коло во ПМФЛ и на секој натпревар можеме да кажеме дека има спорен момент на наша штета. Со ова не сакаме да се правдаме,едноставно сакаме,фудбалска и судиска дебата и сакаме еднаков критериум на сите судии и на секој натпревар. Само така ќе имаме професионализам и фудбалски ќе успееме да го подигнеме нивото на Македонскиот фудбал -пишува во реакцијата на  ФК Борец. 

Навивачката група Гемиџии пак со реакција за односот на управат кон нив.

„НГ Гемиџии поради неодговорната работа на управата на ФК Борец НЕ се појави на натпреварот  со ФК Работнички! Вината ја гледаме во секретарот на управниот одбор Александар Штерјовски, но и игноратскиот однос на поголемиот дел од управниот одбор, одбивање на соработка и комуникација на секоја тема која е поврзана со клубот- напишаа на нивната ФБ страница.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »