речник контакт

Во дербито на дното, победа за ФК Борец

ФК БОРЕЦ 1919 -ФК ПЕЛИСТЕР 2:1 (1:1)

Петар Печков

Конечно радост и за велешките фудбалери и неговите симпатизери. Во шестото коло од Првата лига, на домашен терен, фудбалерите на ФК Борец кои беа на 10-тото место,  славеа со 2:1 над фенерџијата ФК Пелистер од Битола. Претходно велешани забележаа победа на 15-ти август. 

Домаќините рано поведоа, уште во 5-тата минута со голот на Аргентинецот  Зарате од 15 метри, откосо во 16-тикот. Гостите израмнија во финишот во 43-тата минута , исто така со гол на интернационалец, Ампонсах од Гана, кој сам од 5 метри со глава беше реализатор на идеалната шанса.  Со овој резултата се замина на одмор. 

Велешани поведуваат во 56-та минута со ефектен гол на младиот Лука Трајковски, од 20-тина метри, но топката погоди некого од гостинските фудбалери и ја затресе мрежата на ФК Пелистер. Во финишот во 84-та минута битолчани има можност да израмнат, но домашниот голман ефектно интервенираше и топката која беше во самиот десен агол од голот, ја исфрли во корнер.

По ова коло ФК Борец се искачи за две места и сега е осми од 12 екипи со седум бода. Во следното коло, недела гостува на ФК Шкупи на Чаир, која е петта но со натпревар помалку.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »