Петар Печков
Објавено: недела, 11 јуни 2023
СВР Велес вечерва излезе со официјална информација по видеото за тепачка на двајца директори на основни училишта во Кавадарци, објавено на социјалните мрежи.
Станува збор за директорот на ОУ Димката Ангелов – Габерот, Г.Г. и директорот на ОУ Тошо Велков- Пепето, С. П. Тие биле приведени во полициската станица поради напад на обезбедувањето, под дејство на алкохол, како и поради нарушување на јавниот ред и мир.
„Во текот на 10 јуни, сабота, околу 01.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги привеле С.П.(54 год) и Ѓ.Ѓ.(39 год), двајцата од Кавадарци затоа што пред угостителски објект во Кавадарци го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон лица од обезбедувањето“- соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Тој најави дека по расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против лицата.
Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев кажа дека по информациите добиени од МВР, во понеделник ќе преземе чекори и најави разрешување на директорите на основни училишта.
Tweet |