речник контакт

Во домови на двајца велешани полициските кучиња откриле дека лицата поседуваат кокаин и амфетамини

По документирање на настанот, против Ј.К. и Б.М. ќе биде поднесена соодветна пријава

Петар Печков

Во два одвоени случаи, велешката полиција, помогната од Единицата за службени кучиња Скопје, пронашла во домовите на две лица дрога. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 14.01.2024 во 16.20 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода Ј.К.(63 год) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, заедно со полициски службеници со службени кучиња од Единицата за службени кучиња Скопје, бил пронајден и одземен кокаин“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарола на СВР Велес.

„На 14.01.2024 во 17.50 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода Б.М.(39 год) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, заедно со полициски службеници со службени кучиња од Единицата за службени кучиња Скопје, биле пронајдени и одземени масло од канабис и амфетамини“ - дополни Ѓаковска

И за двата случаи бил известен  јавен обвинител, а лицата приведени во полициска станица. По документирање на настанот, против Ј.К. и Б.М.  ќе биде поднесена соодветна пријава.

фото МВР

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »